Connect with us

Борусија Дортмунд не сака ни да слушне за продажба на Џулијан Брант

Спортскиот директор на германскиот фудбалски вицешампион Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, ја отфрли можноста за продажба на Џулијан Брант во скоро време. За него има голем интерес од клубови од Премиер – лигата.


„Не го продолживме договорот со Брант до 2026 година без причина“, изјави Кел за „Билд“. Тој е клучен дел од нашиот тим. Затоа неговиот трансфер воопшто не е тема за нас“, истакна Себастијан Кел во врска со иднината на 27-годишниот играч за врска.

Претходниот договор на Брант истекуваше во 2024 година, но пред крајот на минатата сезона потпиша нова двегодишна соработка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови