Фудбалскиот викенд во Премиер – лигата донесе големо изненадување – Борнмут по вторпат сезонава го победи Арсенал, овојпат на „Емирати“ со 1-2, иако домаќините водеа на полувреме.
И покрај раното водство од Деклан Рајс, кој со својот трет погодок во сезоната донесе предност за лондончани, Арсенал делуваше фокусирано само во првиот дел. Со мислите очигледно насочени кон полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите против ПСЖ, „топчиите“ во второто полувреме потклекнаа.
Борнмут, инспириран и борбен, направи целосен пресврт преку Дин Хујсен во 67.минута и Еванилсон во 75.минута, со што го повтори успехот од првиот меѓусебен дуел оваа сезона.
Во другите натпревари од попладневната програма, Лестер славеше над Саутемптон со 2-0, Евертон и Ипсвич одиграа 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













