Connect with us

Бомба од Работнички: Берлускони и Галијани го купија суперталентот Лука Станковски во Монца

Суперталентираниот фудбалер на Работнички, Лука Станковски, од јуни кариерата ќе ја продолжи во Италија. Негов следен клуб ќе биде Монца. Раководствата на двата клуба ги договорија сите детали за трансферот што треба да се случи во летниот преоден рок. Монца е сопственост на поранешниот газда на Милан, Силвио Берлукони, а директор е легендарниот оперативец Адријано Галијани.  

„Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува. Среќни сме што Работнички успешно ја продолжува стратегијата за реализација на трансфери на млади и талентирани фудбалери во странство и горди што во еден исклучително тежок период на глобална пандемија на коронавирусот, Работнички оствари два трансфери, Давид Тошевски во Ростов и Лука Станковски во Монца“, изјави претседателот Драган Поповски за официјалниот сајт на клубот.       

Лука Станковски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Работнички, а потоа ќе биде промовиран во редовите на Монца. Младиот суперталент ќе стане соиграч со Марио Балотели, Кевин Принс Боатенг…Тој во првиот дел од сезоната постигна седум гола и беше четврти стрелец во првенството
на Македонија.

Од Работнички најавуваат дека неговиот пат треба да го следат и други млади фудбалери на клубот, Димитар Тодоровски, Методи Максимов, Ристе Јанков, Марио Станковски, Марјан Ристовски…     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови