Милан продолжува со разочарувачките резултати, претрпувајќи уште еден пораз во Серија А, овојпат против Болоња. „Росонерите“ имаа водство, но не успеаја да го задржат и на крајот загубија со 2-1.
Мечот започна со иницијатива на Болоња, која создаде неколку шанси, но без реализација. Спротивно на текот на играта, Милан стигна до водство во 43. минута преку Рафаел Леао, кој погоди за 0-1 на полувреме.
Во второто полувреме, домаќините брзо израмнија – Кастро во 48. минута стрелаше за 1-1. Болоња продолжи со напаѓачката игра и во 82. минута преку Ндоје постигна втор гол, што се покажа како одлучувачки.
⚽️ GOAL: Dan Ndoye
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 27, 2025
🇮🇹 Bologna 2-1 Milanpic.twitter.com/0WPW7DdFqQ
Милан не успеа да одговори и остана со празни раце, што дополнително ги продлабочи кризата и незадоволството кај навивачите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













