Под водство на Тијаго Мота, Болоња сезонава се пласираше во Лигата на шампионите, што е историски успех за клубот од „Ренато Дал’Ара“, но тие ќе играат во европската елита со нов тренер.
Болоња денеска соопшти дека Тијаго Мота ја напушта позицијата прв тренер на тимот што ќе ја заврши Серија А меѓу третото и петтото место, во зависност од резултатите во последното коло против Џенова, но тоа нема да има пресудно влијание за пласманот во Лигата на шампионите.
„Во овие две години работев со одлично подготвен тренер и човек со победнички менталитет, кој му даде брилијантен идентитет на тимот. Би сакал тој да остане во Болоња, но можам само да му се заблагодарам нему и на неговиот стручен штаб и им посакувам сѐ најдобро во иднина“, изјави претседателот Џузепе Сапуто во официјалната изјава на „рособлу“.
📄 | Nota del Club ⤵️
— Bologna FC 1909 (@Bolognafc1909) May 23, 2024
„Тутоспорт“ веќе ги објави деталите за новиот тренерски ангажман на Тијаго Мота, кој наскоро ќе го преземе тимот на Јувентус. Италијанскиот стручњак со бразилско потекло ќе потпише тригодишен договор со „старата дама“ вреден 15.000.000 евра.
Тијаго Мота ја започна својата тренерска кариера во Пари Сен Жермен, каде што и заврши со активно играњето, а една година ја водеше младинската екипа на клубот од Париз.
После тоа, накратко ја презеде Џенова, а потоа ја водеше Специја во сезоната 2021/22.
Мота го презеде тимот на Болоња во септември 2022 година, првата сезона ја заврши на деветтото место, а оваа година стигна до Лигата на шампионите. Сега е време е за тим со шампионски амбиции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула, Шкендија мина втора низ целта и ќе...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal