
Ретките се викендите во Бундес-лигата кога губат и Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Баварскиот тим денеска загуби со 3-1 на гостувањето кај Мајнц, додека „милионерите“ доживеаја пораз (3-4) дома од Бохум.
Бурхарт и Нијакате донесоа водство од 2-0 за Мајнц, намали Левандовски, а конечниот епилог го постави Леандро Бареиро во второто полувреме.
Полтер и Холтман за осум минути донесоа предност од 0-2 за Бохум, а Ерлинг Халанд со два пенали успеа да израмни до крајот на првиот дел. Халанд во 62.минута се погрижи за пресврт, но потоа Бохум погоди двапати преку Локадија и Пантовиќ за конечни 3-4.
Келн славеше на гости кај Аугсбург со 1-4, а Штутгарт и Волфсбург ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
