Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е пред трансфер во Обединетите Арапски Емирати. На негова адреса пристгна богата понуда за преселба на Далечниот Исток и популарниот Тричко ја разгледува многу сериозно.
Одличниот напаѓач имаше фантастична сезона во дресот на АЕК Ларнака, има и уште една година од актуелниот договор со кипарскиот прволигаш, но исто така и понудата која пристигна е сериозна и Иван Тричковски размислува за повторно заминување од Европа. Тој во сезоната 2014/15 беше член на Ал Наср и на 12 натпревари постигна три гола.
Македонскиот репрезентативец се наоѓа на списокот на селекторот Игор Ангеловски за настап на Европското првенство, а во АЕК Ларнака е од 2016 година и на 140 натпревари постигна 83 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













