Connect with us

Бобан Николов: Заминувам од Лече, Европското првенство е гордост и искуство за нас

Сонот наш од детство, Македонија на Европско првенство, сега е јаве. За Бобан Николов е потврдување на квалитетот, со оглед дека пред четири години беше дел и од младата селекција до 21 година која учествуваше на ЕП во Полска. Но, ова е нешто сосема друго, најголемата сцена.

“Искрено, гордост е да ја претставуваш Македонија на Европско првенство. Направивме голема работа со самиот пласман, мислам дека Македонците уживаа овие денови исто како и сите ние кои бевме учесници на ЕВРО. Кога ќе ја слушнеш химната, тоа е доживување за цел живот. Резултатски, можевме можеби и многу подобро. Играчки, мислам дека нијанси одлучуваа, а на крајот забележавме три порази. Можевме подобро, сигурен сум, но сега нема назад. Мораме да бидеме задоволни и дека бевме меѓу елитата во Европа”, вели за МАКФУДБАЛ, Бобан Николов.

Тој ќе бара нов предизвик и на клупски план. Не го продолжи договорот со Лече, а а него има интерес од клубови од Италија и од Турција.

“Заминувам од Лече. Не се договоривме за нов договор. Сега ќе чекаме нов предизвик”, истакна Николов.

Advertisement

Facebook

Тимови