Македонскиот првак Шкупи одигра 2-2 против Динамо Загреб на „Максимир“, а тоа е супер повод да се наполнат трибините на арената „Тодор Проески“ на реваншот на 26.јули.
Клубот од денеска ги пушта во продажба билетите и истите ќе се продаваат по цена од 150 денари (обичен билет), 300 денари (ВИП на јужна трибина) и 1.000 денари (ВИП на северна трибина).
Билети ќе се продаваат на две локации. На плоштадот Скендербег и на стадионот на Шкупи во Чаир. Денеска продажбата ќе се одвива од 15 до 20 часот, а во другите денови од 12 до 20 часот.
На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на арената „Тодор Проески“ од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













