Connect with us

Би било спектакл: Ерик Кантона се „прогласи“ за нов менаџер на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Легендарниот ас на Манчестер Јунајтед, Французинот Ерик Кантона, на својот Инстаграм се „прогласи“ за нов менаџер. Тој истакна дека подоцна во текот на денот ќе го соопшти стручниот штаб со кој ќе соработува на „Олф Трафорд“.

Медиумите на Островот, а и најголемиот дел од европските медиуми, ја пренесоа оваа негова изјава, но се уште нема потврда дали се работи за некоја голема шега на Кантона, кој важи за човек кој сака да се забавува или пак навистина ќе го наследи Оле Гунар Солсклјер, додека клубот не пронајде перманентно решение за клупата.

Прва опција е Маурисио Покетино, во најтесниот избор е и Брендан Роџерс, но тие се уште имаат ангажман во ПСЖ, односно во Лестер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови