Не се само Стефан Спировски и Бобан Николов фудбалерите кои дополнително ќе недостигаат на Кипар за последниот меч против Ерменија. Ослободен е и Езгјан Алиоски поради повреда, а и Елиф Елмас се пожали на повреда на бутниот мускул и ќе оди на детален скен.
„Алиоски го ослободивме, има повреда, оток на задната ложа, а на Кире Ристевски му е издадено решение за изолација во државата каде што престојува. Тотре поради технички пропуст не беше пријавен на списокот, но ќе патува за дуелот против Ерменија на Кипар. За неколку часа ќе објавиме на кои фудбалери дополнително ќе им упатиме повик“, изјави Ангеловски околу составот со кој Македонија ќе и се спротистави на Ерменија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













