Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде и без капитенот Стефан Ристовски на првите четири натпревари од Лигата на нации.Тој нема да го предводи националниот тим на четирите натпревари на стартот од Лигата на нации. Ристовски има контузија на стапалото и ќе мора да одмори дваесетина дена.
Од приватни причини побарал ослободување и Ердал Ракип, а селекторот од претходно ги ослободи Аријан Адеми и Адис Јаховиќ. Подолг период ќе отсуствува и Тихомир Костадинов кој правеше операција на коленото.
“За жал нема да можеме да сметаме на капитенот Стефан Ристовски, ќе имаме и уште неколку отсуства, но ќе добијат шанса сите други фудбалери”, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













