
Младиот македонски интернационалец Бесар Гуџуфи потпиша професионален договор со турскиот гигант Бешикташ. Офанзивецот кој од Беласица замина во Бешикташ, потпиша четиригодишен договор со клубот од Истанбул.
„Нашиот клуб потпиша професионален договор со Бесар Гуџуфи, играчот за врска од Македонија, роден 2004 година. Успех му посака генералниот директор и спортски директор на Академијата на Бешикташ, Џејхун Казанчи, со кого се сретна во канцелариите на клубот“,.се вели во соооштението на Бешикташ.
Гуџуфи е еден од најголемите македонски фудбалски таленти, израсна во академијата на Вардар, а во сениорска конкуренција заигра за Беласица, од каде се пресели во турскиот Бешикташ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
