
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, изрази критика кон тимот по поразот од Спортинг Лисабон со 4-1. Шампионите од Премиер – лигата играа квалитетно во првото полувреме и заминаа на пауза со резултат 1-1, но во второто полувреме примија три гола.
Бернардо Силва изјави дека тој и неговите соиграчи треба да се запрашаат што прават погрешно и брзо да ги пронајдат причините за ваквите резултати, бидејќи неуспесите во последните натпревари може да имаат фатални последици на крајот од сезоната.
„Граѓаните“ се наоѓаат во серија од три последовни порази, откако претходно загубија од Тотенхем во „Карабао куп“, од Борнмут во шампионатот и сега од Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.
„Дури и кога играме добро, не успеваме да ги реализираме нашите шанси, а примаме голови премногу лесно. Мора да се погледнеме себеси и да разбереме што не функционира. Потребно е брзо да направиме промени, бидејќи во спротивно, овие порази може да бидат кобни. Во моментов сме во комплетен мрак и се чини дека сè оди во погрешна насока. Тешко е да најдеме причини за тоа што се случува. Не паметам овој тим да изгубил три натпревари по ред, а сега изгледа како да сме на погрешен пат,“ изјави разочараниот Силва по натпреварот.
Следниот натпревар на Манчестер Сити исто така ќе биде предизвик, бидејќи ќе му гостуваат на Брајтон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
