Connect with us

Бензема го „растурил“ трансферот на Мохамед Салах во Ал-Итихад

Француската мегаѕвезда Карим Бензема побара итна разделба со Ал-Итихад, а на саудискиот клуб му го „растури“ и најголемиот следен трансфер.


Познато е дека Ал Итихад со месеци „флертува“ со Мохамед Салах и се обидува да го доведе Египќанецот. Наводно, преговорите оделе во добар правец и се подготвувал терен за доаѓањето на Салах на лето, но како што стојат работите ништо од тоа.

Англиските медиуми пишуваат дека Салах видел што се случило со Бензема во Ал-Итихад и не сака да го доживее истото, поради што наводно се откажал од какви било преговори со тој клуб.

Челниците на Ал-Итихад се разочарани од потегот на Салах бидејќи мислеа дека трансферот е веќе договорен и веруваа дека ќе донесат уште една голема ѕвезда. Сепак, сѐ се срушило преку ноќ како кула од карти.

Салах сфатил дека во Саудиска Арабија не е сè толку магично како што изгледа, а тоа покрај Бензема го виде и во примерите на поранешните соиграчи Џордан Хендерсон и Роберто Фирмино, кои по само неколку месеци побараа да ја напуштат таа земја и бараат начин да се вратат во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови