
Реал Мадрид оствари трет последовен триумф во низа во Ла Лига совладувајќи го Атлетик Билбао на домашен терен со 3-1. Работата на „кралевите“ ја олесна Раул Гарсија кој заработи два жолти картони уште во 13.минута и го остави гостинскиот тим со играч помалку.
Тони Крос со прекрасен удар донесе водство за Реал Мадрид на самиот истек на првиот дел, но Атлетик Билбао израмни преку Андер Капа во 52.минута. Сепак, „кралевите“ тргнаа во фуриозни напади, а тоа резултираше со голот на Карим Бензема во 74.минута за ново водство. Во судиското продолжение Бензема уште еднаш погоди за конечни 3-1.
Реал Мадрид се израмни со 26 бода со Реал Сосиедад и со Атлетико Мадрид, но градскиот ривал има два одиграни меча помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski