
Реал Мадрид неочекувано киксна на домашен терен, губејќи од Валенсија со 1-2 во натпревар од 30. коло во Ла Лига, резултат што дополнително ги оддалечи „кралевите“ од првото место на табелата, кое го држи Барселона.
Иако мечот понуди неколку клучни моменти – како промашениот пенал на Винисиус во 13. минута и голот на Хуго Дуро во 95. минута за победа на гостите, најмногу внимание привлече потегот на Џуд Белингам по завршувањето на средбата.
😳🏴 Bellingham AGREDIÓ a su compañero de equipo, luego de la derrota por 1-2 del Real Madrid ante el Valencia pic.twitter.com/ArhCTVXQUz
— ENBAJA (@enbajafutbol) April 6, 2025
Англискиот ас, видно разочаран и фрустриран, во минување покрај ВАР-опремата ја удри со нога. Сцената беше снимена и веднаш се прошири на социјалните мрежи, отворајќи прашања за можни последици по играчот.
Според дисциплинските прописи на Ла Лига, вакви постапки – агресија кон техничка опрема – се сметаат за несоодветно однесување. Ако Дисциплинската комисија оцени дека Белингам ја оштетил опремата намерно, може да следи казна во вид на суспензија од еден до три натпревари.
За Реал, кој се бори за секој бод, евентуално отсуство на Белингам би било сериозен удар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
