Connect with us

Белгијците се вратија во игра со триумф над Романија (ВИДЕО)

Белгија успеа да го издржи притисокот и ја победи Романија со 2-0, па сега со три бода повторно е во сериозна игра за пласман во осминафиналето.

Тилеманс уште во втората минута погоди и донесе водство, а со тоа и го намали притисокот што го имаа избраниците на Тедеско.

Белгија имаше многу шанси, ВАР не ги призна головите на Лукаку, но во 80. минута конечно Кевин де Бруин постигна втор гол за да го потврди триумфот.

Белгија во третото коло ќе игра против Украина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови