Македонскиот прволигаш Беласица ќе се обиде да избори опстанок во елитата во пролетната полусезона. Во последниот ден од трансфер прозорецот, струмичкиот клуб потпиша со тројца нови фудбалери.
Беласица ги претстави Бесар Гуџуфи, Дамјан Трајановски и Борис Јаќимовски. Првите двајца досега беа членови на Вардар, а третиот доаѓа од второлигашот Кадино.
Беласица има и нов шеф на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, и четворица српски интернационалци кои ги доведе во зимскиот преоден рок, плус Бенјамин Демир и Оливер Пеев.
Беласица в недела ќе и гостува на Ренова во првото пролетно коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













