Екипата на Струга Трим Лум продолжува со одличните игри во домашниот шампионат, нанижувајќи го и шампионот Шкендија на листата победени од Првата македонска фудбалска лига. пеницилин на домашен терен за фаворитите во Првата македонска фудбалска лига. Во 16. коло Шкендија во Струга имаше и предност од 0-1 на полувремето, но на крајот замина со празни раце по одличните погодоци на Валентин Кочоски и Нијаз Лена.
„Не ми преостанува ништо друго освен само да им честитам на момците за играта и за желбата. За само две недели на домашен терен ги победивме двата претенденти за титула во македонскиот шампион што доволно кажува со каков жар играме пред своите гледачи. На денешниот дуел губевме на полувремето но со трпелива игра успеавме да победиме. Мора и треба да останеме цврсто на земја, бидејќи викендов не очекува нов натпревар во кој исто така мора да дадеме се од себе” – вели шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Јетон Беќири.
Еднакво е размислувањето и на стрелецот на победничкиот гол, Нијаз Лена…
„По неколку добри натпревари на домашен терен дојде време да го одиграме најдобриот во првата полусезона. Љубителите на фудбалот мислам дека уживаа во нашата претстава и играта на Шкендија. Натпреварот изобилуваше со шанси и со убав фудбал, а погодоци беа само круна на епитетот дерби на колото” – вели Лена.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













