Шкендија доживеа непријатен пораз од Тиквеш (2-1) во 28.коло што е голем удар за шампионските амбиции на тетовци. Тренерот Јетон Беќири секако не е задоволен од резултатот и изданието на тимот, но се надева дека во преостанатите пет кола до крајот на првенството ситуацијата може да се подобри.
„Многу тешка ситуација. Навистина многу тежок пораз. Не можам да најдам зборови да ги опишам овие голови што ги примаме и шансите што не ги реализираме пред противничкиот гол. Нешто неверојатно. Единствено што ни преостанува е да ја наведнеме главата, да работиме и да се обидеме да ги подобриме грешките на преостанатите натпревари до крајот на првенството“, изјави Јетон Беќири.
Шкендија во моментот заостанува шест бода зад лидерот Струга Трим Лум, а во следното коло го пречекува Гостивар на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













