Македонскиот претставник Шкендија се наоѓа во Азербејџан, го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот меч со Сумгаит во Лигата на Европа, а капитенот Егзон Бејтулаи и тренерот Ернест Ѓока најавија дека тимот е заинтересиран единствено за триумф и пласман во следната рунда.
„Изминатата недела се подготвуваме за овој европски меч и дојдовме во Азербејџан да победиме. Сметаме дека сме подобар тим и сакаме да се пласираме во следната рунда од квалификациите во Лигата на Европа. Сумгаит ќе ја има предноста на домашниот терен, но без поддршка од гледачи тоа и не значи многу. А Шкендија знае како да игра квалитетно на гости“, изјави Бејтулаи.
Тренерот Ернест Ѓока исто така е оптимист и најавува дека Шкендија ќе ја игра својата препознатлива игра.
„Шкендија секогаш сака да игра својата офанзивна игра, да го нападне противникот и утре ќе игра идентично, со желба да бидеме подобри од Сумгаит. Го познаваме противникот, знаеме за каков тим се работи, го гледавме нивниот прв меч од шампионатот. Ги знаеме нивните добри и лоши страни, но, сепак, ќе се фокусираме на нашата игра. Шкендија треба да одигра најдобро што умее за да се пласира во следната рунда“, изјави Ернест Ѓока.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski