Шкендија се намачи за да дојде до три бода против Пелистер, последнопласираниот тим на табелата кој се уште нема ниедна победа во шампионатот. По првиот дел тетовци имаа негатива (0-1), но на крајот сепак успеаја да остварат триумф (2-1).
Капитенот Егзон Бејтулаи вели дека победата на Шкендија е сосема заслужена.
„Одлично го започнавме натпреварот, имавме многу шанси за гол. Но фудбалот е таков, противникот без никаква шанса успеа да постигне гол од слободен удар. Во паузата анализиравме и влеговме во вториот дел уште помотивирани. На крајот успеавме да го затвориме натпреварот со позитива и тоа е најважно“, изјави Бејтулаи.
Во следното коло в среда, Шкендија му гостува на Шкупи во дерби дуел на Чаир.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













