Шкендија треба да го даде максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за да се изненади огромниот фаворит, ќе покаже утрешниот натпревар. Тренерот Ернест Ѓока верува дека Шкендија ќе биде квалитетен противник.
„Сите знаеме кој е Тотенхем и што тие претставуваат во Англија и во Европа. Ние сме подготвени и знам дека утре фудбалерите ќе го дадат максимумот, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно“, изјави Ернест Ѓока, кој потенцираше дека е нормално што Мурињо се консултирал со Пандев за квалитетите на Шкендија.
„Мурињо прашал за Шкендија и тоа е нормална работа за светот во кој тој живее. Да го праша Пандев и тоа е нормална работа бидејќи му бил играч. Јас сум сигурен дека Пандев му ја кажал вистината дека Шкендија е локомотивата на македонскиот фудбал“, додаде Ѓока.
Капитенот на тимот, Егзон Бејтулаи вели дека фудбалерите се подготвени да го дадат максимумот.
„Фудбалерите се подготвени да дадат максимум. Тотенхем е голем фаворит, но ние нема да излеземе на терен со бело знаме. Во фудбалот се случуваат изненадувања, а ние ќе дадеме се од себе да дојдеме до чудо“, изјави Бејтулаи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













