Connect with us

Бејл повторно се повреди, нема да игра за Велс

Герет Бејл повторно се повреди. Веднаш штом се врати на теренот по двомесечна пауза и одигра важен меч за Велс против Белорусија, Герет Бејл повторно се повреди.


Од Велс денеска пристигна информација дека на последниот тренинг почувствувал болка во мускулот и дека поради тоа ќе го пропушти вечерашниот дуел со Белгија.

Бејл веќе подолго време го мачат разни повреди, не му верува ниту Карло Анчелоти, а во тимот на Реал Мадрид е најплатен.

Бејл последен пат за Реал Мадрид играше на 28 август против Бетис, потоа се повреди на септемврискиот собир на репрезентацијата и оттогаш е постојано повреден. Оваа сезона одигра само 193 минути…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови