Барселона ќе патува за Саудиска Арабија со Дани Олмо и Пау Виктор во составот за натпреварот од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, објави „Мундо Депортиво“.
И покрај проблемите со регистрацијата на овие двајца играчи, кои станаа широко дискутирана тема, тренерот Ханси Флик инсистираше тие да бидат дел од тимот и да тренираат нормално.
Натпреварот против Баскијците е закажан за среда, а Олмо и Виктор продолжуваат да чекаат Барселона да најде решение за нивната регистрација. Клубот сега се надева на позитивно решение од судот.
Во составот ќе бидат и Ламин Јамал и Феран Торес, кои не играа на мечот од Кралскиот куп против Барбастро. Очекувањата се Јамал да не биде изложен на никакви ризици и натпреварот против Атлетик Билбао да го започне од клупата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













