Барселона наголемо се подготвува за новата сезона и бара тренер кој ќе го замени Чави, кој најави заминување од клубот на крајот од сезоната.
Како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Чави во суштина е единствениот кој сака да го напушти славниот клуб.
Имено, клучна работа за новиот тренер ќе биде способноста на клубот да потпише засилувања со оглед на финансиските проблеми. За да донесе некој нов, дел од сегашните играчи треба да го напуштат клубот, а како што пренесува „Спорт“ тоа никој не го сака.
Неодамна Андрес Кристенсен во изјава за данските медиуми изјави дека не сака да ја напушти Барселона и дека е среќен во клубот. Иста е ситуацијата и со Левандовски, Араухо, Де Јонг и Рафиња.
Ситуацијата може да се промени до летото, но очигледно е дека тешко се наоѓа клуб кој би ги почитувал актуелните договори што споменатите фудбалери ги имаат во Каталонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













