Барселона и Интер вечерва ќе се сретнат во второто полуфинале од Лигата на шампионите. Двата ривали заслужено стигнаа до завршната четворка, бидејќи беа едни од најсилните тимови уште од основната фаза на турнирот, при што се квалификуваа директно во осминафиналето.
Ова значеше дека и Барса и Интер требаше да елиминираат само по два противници за да стигнат до оваа фаза од „турнирот на богатите“.
Играчите на Ханси Флик прво ја совладаа Бенфика со вкупен резултат 4-1, а потоа лесно ја минаа и Борусија Дортмунд со вкупни 5-3.
Барселона одигра еден од најлошите натпревари во Дортмунд, но повторно е полуфиналист.
Интер, пак, не доживеа ниту еден пораз во фазата на директни елиминации и двапати го победи Феенорд (2-0 и 2-1), а забележа една победа и едно реми против Баерн Минхен (2-1 и 2-2).
Интер го издржа притисокот на Баерн и сè уште сонува за тројната круна.
Кога станува збор за моменталната форма, Барселона изгледа за нијанса подобро. Во последните пет натпревари „блауграна“ има четири победи и еден пораз, а последниот триумф беше во „Ел Класико“ минатиот викенд во финалето од Купот на Кралот.
„Нероаѕурите“, од друга страна, ги изненадија сите – откако го елиминираа Баерн, следеше пад во формата и порази од Болоња и Рома во Серија А, што ги симна од првото место. Дополнително, избраниците на Симоне Инзаги беа декласирани од градскиот ривал Милан со 0-3 во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













