Connect with us

Барселона го продава Жул Кунде, за да го задржи Роналд Араухо

Шпанскиот шампион Барселона е подготвен ова лето да ги слушне понудите за дефанзивецот Жил Кунде, пренесува „Мундо Депортиво“.


Тимот од „Камп Ноу“ продолжува да се бори на финансиски план и најверојатно ќе мора да се раздели со некои од своите водечки играчи за да ја отвори можноста за нови засилувања, но и да ги задржи своите клучни фудбалери.

Најповрзувано име со евентуален трансфер е Роналд Араухо, кој го привлече интересот на неколку врвни клубови, меѓу кои и Баерн Минхен.

Каталонците апсолутно не сакаат да го пуштат Уругваецот на трансфер пазарот и токму поради оваа причина се решија на опција за разделба со Кунде.

Французинот дојде од Севилја во летото 2022 година за 50 милиони евра, но претрпе многу критики со својот настап и неодамна дури и го загуби стартното место во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови