Connect with us

Барса подготвува спектакуларни трансфери: На лето доаѓаат Нико Вилијамс и Рафаел Леао

Со потпишување на спонзорскиот договор со „Најк“, Барселона конечно ги реши финансиските проблеми кои го мачеа каталонскиот клуб во изминатите неколку години. Следното лето, клубот планира да се врати на голема сцена кога се во прашање трансферите. Тренерот Ханси Флик веќе има неколку желби, а двајца играчи се сметаат за приоритет.

Барселона и „Најк“ пред неколку дена го продолжија спонзорскиот договор, кој трае веќе повеќе од 20 години. Новиот договор ќе важи до 2038 година, а од него Барселона ќе заработи огромна сума. Ова беше итно потребно за клубот, кој долго време се наоѓаше во финансиска криза.

Во изминатите пет години, Барселона се соочуваше со сериозни финансиски проблеми, но тоа сега е минато.


Барселона, според шпанските медиуми, нема да биде премногу активна во јануарскиот преоден рок, но претседателот Жоан Лапорта и управата планираат спектакуларни потези за следното лето.
Според „Мундо Депортиво“, на врвот на листата на желби на Ханси Флик се Нико Вилијамс и Рафаел Леао.

Барселона веќе започнала разговори со овие играчи. Нико Вилијамс минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но реши да остане во Атлетик Билбао уште една сезона. Сепак, желбата да заигра за Барса е силна, исто како и кај Леао, кој му порача на својот агент да направи сè за да стане дел од тимот следната сезона.

Флик смета дека, и покрај присуството на Ламин Јамал и Рафиња, му се потребни нови решенија, особено за крилните позиции. Нико Вилијамс би играл на левото крило, додека Леао би можел да покрие повеќе позиции, вклучувајќи ја и централната напаѓачка улога, каде што сега е Роберт Левандовски.

Со новите засилувања, неизбежни се и заминувањата. Се шпекулира дека клубот ќе ги напуштат Феран Торес и Ансу Фати, кои веќе не се дел од долгорочните планови на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови