
Се заговара голема размена меѓу Барселона и Интер. Клубовите начелно се договориле за размена на Франк Кеси и Мемфис Депај од една страна и Марсело Брозовиќ и Хоакин Кореа од друга страна.
Кеси не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и би можел да се врати во Милано и да ги засили редовите на големиот ривал на неговиот поранешен клуб Милан.
Ниту Марсело Брозовиќ не би имал ништо против да се пресели во Каталонија. Хрватот така би добил нов голем предизвик во кариерата.
И двајцата напаѓачи исто така не блескаат во своите клубови. Депај дојде во Барселона во јули 2021 година и не успеа да го најде своето место во тимот. Мемфис сезонава одигра осум натпревари и постигна четири гола за каталонскиот состав.
Кореа исто така не е сјаен во Интер. Тој е далеку од прв избор на тренерот Симоне Инзаги. Сезонава одигра 21 натпревар, но главно од клупата и постигна само три гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
