
Франк Кеси е еден од играчите на Барселона кои најверојатно ќе го напуштат клубот на крајот на сезоната. Според „Спорт“, Каталонците за ова ќе го известат играчот откако тимот на Чави Хернандез и официјално ќе ја освои титулата во Ла Лига.
Кеси беше потпишан како слободен играч минатото лето. Иако не може да се смета за стартер во тимот на Чави, во стручниот штаб генерално се задоволни од неговиот придонес.
Сепак, на клубот му се потребни финансиски приходи до 30 јуни, кои ќе одлучуваат за судбината на Кеси.
За играчот се заинтересирани Милан и Интер, но во Барселона не веруваат дека италијанските клубови ќе ја платат бараната сума за трансфер, па од „Камп Ноу“ размислуваат дека ќе можат да го продадат играчот од средниот ред во Англија.
Тотенхем сериозно се распрашува за цената на Кеси. Барселона ќе сака нешто повеќе од 25 милиони евра за него, што би било добра добивка со оглед дека клубот го доведе играчот бесплатно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
