Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, заработи повреда за време на натпреварот од 32. коло во Ла Лига против Селта, кој неговиот тим го доби драматично со 4-3. Полскиот репрезентативец беше принудно заменет во второто полувреме, а денес ќе помине детални прегледи за да се утврди каква е неговата состојба.
Според информациите на „АС“, во соблекувалната на Барса владее песимизам во однос на можноста Левандовски да настапи на претстојните натпревари. Не се исклучува можноста да станува збор за мускулна повреда, односно кинење на мускул на задниот дел од бутот.
Во таков случај, на Полјакот ќе му бидат потребни најмалку три недели за целосно опоравување. Тоа значи дека ќе го пропушти финалето на Купот на Шпанија против Реал Мадрид на 26 април.
Во тој случај, малку е веројатно дека Левандовски ќе може да настапи и на полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Интер, закажани за 30 април и 6 мај.
Во тековната сезона во Ла Лига, 36-годишниот напаѓач одигра 31 натпревар, постигна 25 голови и забележа две асистенции.
🚨🚨🌕| BREAKING: Robert Lewandowski could be ruled out for 3 WEEKS.
— Managing Barça (@ManagingBarca) April 19, 2025
[@fansjavimiguel] 🔴⚠️ pic.twitter.com/kB09voyaL0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













