Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра фантастичен меч за Леванте и го спаси својот тим од пораз (2-2) против актуелниот шампион Атлетико Мадрид. Тој беше стрелец на два гола од пенал, а одигра квалитетно во средниот ред на Леванте.
Беше избран и за најдобар играч на натпреварот.
„Ја оставаме лошата серија резултати зад нас и гледаме напред. Среќни сме што покажавме дека можеме да одиграме квалитетно против шампионот. Тоа значи дека можеме и против сите други. Овој бод ќе ја зголеми нашата самодоверба и се надевам дека ќе продолжиме во позитивен правец и на наредните натпревари“, изјави Барди.
Леванте се наоѓа на претпоследното место на табелата во Ла Лига со само шест освоени бода и грчевито ќе се бори за опстанок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













