Реал Мадрид го доживеа четвртиот пораз во Ла Лига оваа сезона, и тоа на домашен терен од Енис Барди и соиграчите од Леванте. Гостите славеа со 1-2 и го загоржија животот на Зинедин Зидан и на „кралевите“.
Едер Милитао уште во деветтата минута го остави тимот на Реал Мадрид на цедило откако доби црвен картон. Марко Асенсио само четири минути подоцна донесе водство за „кралевите“, но со десетмина тимот на Зидан не можеше да издржи.
Хозе Моралес израмни на 1-1 во 32.минута, а Енис Барди влезе во игра во 60.минута. Марти Роџер четири минути подоцна промаши пенал, но се подобри во 78.минута кога успеа да ја затресе мрежата на Тибо Куртоа и тоа на асистенција на Енис Барди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













