Connect with us

Барди е веќе легенда на Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се искачи на четвртото место на вечната листа на Леванте по бројот на настапи во клубот. Тој со натпреварот против Атлетик Билбао стигна до вкупно 126 меча во Ла Лига за клубот од Валенсија, и се наоѓа во друштво на Моралес кој има 223 настапи, Роџес 159 и Хауфран со 153 натпревари.

„Горд сум што сум дел од историјата на овој клуб, да се биде во друштво на Роџес, Хуанфран, Моралес е неверојатно. Не ни сонував дека ќе одиграм толку многу натпревари за клубот. Среќен сум во Леванте и верувам дека ќе успееме да избориме опстанок во Ла Лига“, изјави Барди.

Advertisement

Facebook

Тимови