Леванте го доби Енис Барди назад во тимот и успеа да оствари мотивирачко реми против актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид. Барди беше стрелец на двата гола од пенал, ладнокрвно надмудрувајќи го Јан Облак.
„Ни недостигаше Барди, можеби и премногу. Тој е фудбалер со квалитети кои можат да го кренат целиот тим. Тој е играч кој може да додаде таму каде што други не можат ни да погледнат. Има борбен карактер и делува мотивирачки на целиот тим. Ладнокрвен е во решавачките моменти, одлично изведува пенали и слободни удари. Искрено, бев многу спокоен кога чекаше со топката да изведе пенал“, изјави тренерот на Леванте, Хави Переира.
Леванте се наоѓа при самото дно на табелата во Ла Лига и ремито против Атлетико Мадрид треба да биде поттик за серија позитивни резултати за Барди и соиграчите во наредниот период.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













