
Енис Барди, кој веќе ја имаше улогата заменик-капитен, сега ја презема лидерската позиција по отстапувањето на Стефан Ристовски.
Барди вели дека е голема чест да се носи капитенската лента.
„Емотивен е овој момент, да си капитен на Македонија, нешто многу значајно, лента која пред мене ја носеа Горан и Стефан. Јас многупати сум кажал дека во овој тим нема само еден капитен и лидер, туку има повеќе лидери кои ја заслужуваат лентата, но еден ја носи. За мене чест и задоволство е сето ова. Ова е нов предизвик за мене, за сите нас, нов лист и спремни сме, но мора да сме сто отсто концентрирани зашто поинаку вакви ривали како Италија не може да добиеш“, вели Барди.
Новиот капитен потенцира дека дисциплината е еден од клучните елемнти во секој натпревар па и во овој против Италијанците.
„Во денешниот фудбал ако не си дисциплиниран, тешко е да дојдеш до позитивен резултат. Ние секогаш тоа го зборуваме, иако нема многу време во краткиот период на подготовки, но сега разговаравме многу повеќе од досега, дека ако сме тим и дисциплинирани, ако си помагаме еден на друг на теренот, ако имаме заедништво, само така можеме до успеси. Некако тоа ни фалеше во последно време, сега е подобро. Затоа велам дека само заедно можеме до големи резултати“, додаде Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
