Спортските директори на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, постигнале договор со играчот од средниот ред, Џошуа Кимих, за нов договор, тврди „Билд“. Актуелниот договор на германскиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, а двете страни се согласиле за продолжување на соработката.
Можни се нови информации уште денес. Еберл и Фројнд ќе имаат состанок со Надзорниот одбор на Баерн, кој треба да го одобри новиот договор на Кимих. Ако тоа се случи, сагата околу неговата иднина ќе биде завршена.
Минатата недела се појавија информации дека Баерн ја повлекол својата понуда за Кимих бидејќи тој доцнел со својот одговор. Сепак, тоа не беше потврдено ниту од клубот, ниту од фудбалерот.
По синоќешната победа од 3-0 над Баер Леверкузен, Кимих изјави дека неговата иднина ќе биде позната најдоцна до репрезентативната пауза, додавајќи дека сега топката е во рацете на клубот.
Во последните месеци, интерес за Џошуа Кимих покажаа Ливерпул, Реал Мадрид, ПСЖ, Интер и Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













