Баерн Минхен оваа сезона речиси сигурно ќе ја загуби децениската доминација во Германија.
Баер Леверкузен е многу блиску до освојување на шампионскиот пехар. Баварците се насочени кон Лигата на шампионите, а нивен ривал во четвртфиналето е Арсенал.
Раководството на клубот согледува за некои грешки што ги направи во минатото, па освен опцијата да го врати Џулијан Нагелсман на клупата, сериозно се разгледува и можноста за враќање на Жоао Кансело.
Португалецот пристигна во Минхен минатиот јануари од Манчестер Сити, а во Барселона замина летото 2023 година.
Манчестер Сити сака да го продаде, а сумата е околу 50 милиони евра.
Кансело оваа сезона постигна четири гола и има исто толку асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













