Баерн Минхен го совлада Хофенхајм со 4-1 и се зацврсти на првата позиција на табелата во Бундес-лигата со десет бода предност во однос на второпласираниот Лајпциг. Баварскиот тим не му даде можност на Хофенхајм да помисли дека би можел да остане непоразен.
Џером Боатенг и Томас Милер донесоа предност од 2-0, а пред самиот крај на првиот дел намали Андреј Крамариќ. Во вториот дел стрелаа и Роберт Левандовски и Серж Гнабри.
Борусија Дортмунд со 3-1 го победи Аугсбург. Гостите поведоа преку Андре Хан, потоа Халанд не искористи пенал, но сепак „милионерите“ израмнија брзо со голот на Дилејни. Санчо во вториот дел се погрижи за пресврт, а конечниот епилог беше поставен со автоголот на Удуокаи.
Ајнтрахт Франкфурт ја победи Херта со 3-1, Унион Берлин и Борусија Менхенгладбах ремизираа 1-1, а идентичен беше резултатот и на дуелот меѓу Вердер Бремен и Шалке.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













