Connect with us

Баерн го загуби Мазрауи најмалку еден месец, поради последици од Ковид-19

На дефанзивецот на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи, му е дијагностициран перикардитис (воспаление на надворешната обвивка на срцевиот мускул), соопштија од клубот. Мароканскиот интернационалец не тренира со тимот и се уште не е јасно колку долго ќе закрепнува.


За време на Светското првенство во Катар, Мазрауи беше позитивен на коронавирусот. Според лекарите, перикардитисот е последица на тежок случај на Ковид-19.


По враќањето во Минхен, прегледите покажал дека фудбалерот има благо воспаление на перикардот. По направените анализи на крвта, одлучено е да му се даде еден месец целосен одмор без никаква физичка активност.


Мазрауи потоа ќе биде подложен на тестови за да помогне да се утврди неговата подготвеност да продолжи со тренинзите, но лекарите засега не можат да постават временска рамка за закрепнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови