
Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, откри дека клубот има посебен договор со тренерот Чаби Алонсо кој се однесува на неговото евентуално заминување.
Во контекст на сè погласните шпекулации за заминувањето на Карло Анчелоти од Реал Мадрид и можноста Чаби Алонсо да го преземе кормилото на „кралскиот клуб“, Каро потврди дека Баер Леверкузен нема да му застане на патот доколку дојде понуда од некој од неговите поранешни клубови.
„Имаме џентлеменски договор со Чаби Алонсо. Доколку дојде клуб за кој тој настапувал како играч, ние ќе седнеме, ќе разговараме и нема да го спречиме да потпише за нив“, изјави Каро за германските медиуми.
Алонсо како играч го носеше дресот на Ливерпул, Реал Мадрид и на Баерн Минхен, но токму поврзаноста со шпанскиот гигант повторно ја актуализираше темата за неговото заминување, особено со оглед на тоа што се очекува Анчелоти по завршувањето на сезоната да го преземе бразилскиот национален тим.
Алонсо блеска на клупата на Баер Леверкузен и ја предводеше екипата кон историска сезона, што дополнително го засили интересот за неговите услуги од страна на европските фудбалски гиганти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
