ерманскиот шампион Баер Леверкузен ќе мора да се снаоѓа без Флоријан Вирц во следниот период. Германскиот репрезентативец се здоби со повреда на десниот скочен зглоб на натпреварот против Вердер Бремен (0-2) во саботата. 21-годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените неколку недели.
Вирц влезе на почетокот на вториот дел, но по еден груб фаул, мораше да го напушти теренот во 59-та минута.
„Флоријан Вирц ќе ни недостасува во овој период од сезоната, но ќе го надоместиме со силниот тимски дух. Добро го познаваме и знаеме дека ќе се врати што побрзо. Сите ќе го поддржиме во тоа. Очекуваме да биде во топ форма за крајот на сезоната“, изјави Симон Ролфес, извршниот спортски директор на Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













