Баер Леверкузен ја прекина низата од четири меча без победа и триумфираше со 2-1 во дербито против Борусија Дортмунд. „Фармацевтите“ се искачија на второто место со 32 бода, четири помалку од лидерот Баерн Минхен.
Муса Дијаби го доведе Баер во водство, израмни Џулијан Брант на стартот на вториот дел, но Флоријан Вирц му донесе триумф на домашниот тим.
Пјонтек промаши пенал за Херта на стартот од дуелот, а потоа Хофенхајм оствари убедлив триумф од 0-3. Себастијан Руди го постигна првиот гол, а потоа Андреј Крамариќ ја заврши работата со два погодоци. Волфсбург со 0-2 славеше против Мајнц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













