Баер Леверкузен ќе се соочи со Рома за финале во Лига Европа, откако пред една недела го напушти „Олимпико“ со комфорно водство од 2-0. Тимот на Чаби Алонсо ќе цели не само на рекорд – 49. последовен натпревар без пораз во сезоната, туку и на следниот чекор кон посакуваната тројна круна.
Не треба да се заборави можноста за одмазда, бидејќи пред една година токму „волчицата“ ги елиминира „аспирините“ во полуфиналната фаза по 1-0 во Италија и 0-0 во Германија.
Од друга страна, Даниеле Де Роси и неговите играчи се уверени дека сè уште ништо не е загубено и дека имаат моќ да направат голем пресврт што ќе ги испрати во финалето во Даблин на 22 мај.
На мечот во Бергамо ситуацијата е поинаква, бидејќи пред една недела Олимпик Марсеј и Аталанта ремизираа 1-1 на „Велодром“.
Италијанците ќе се обидат да ја зацврстат својата улога како благ фаворит во пресметката, поттикната од елиминацијата на Ливерпул во претходната фаза од турнирот и одличната форма на нивниот најдобар стрелец Џанлука Скамка, кој има 10 гола во последните 12 натпревари.
Гостите од Франција ќе се мотивираат со тоа што историски имаат повеќе успеси во европските натпреварувања од нивните противници, кои ќе го бркаат своето прво финале во натпреварувањата на УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal