Белгискиот интернационалец Еден Азар потврди дека ќе продолжи да игра во Реал Мадрид и следната сезона. Тој има договор и не размислува за заминување туку сака да се оддолжи на клубот со добри игри откако во изминатата сезона премногу се повредуваше.
„Не се гледам себеси надвор од Реал Мадрид. Имам уште три години во договорот и секогаш кога сум на 100%, ќе му донесам многу на тимот. Знам дека треба да го сторам тоа. Сега сум целосно фокусиран на ЕВРО со Белгија, но после тоа ќе направам големи работи за Реал Мадрид“, вели Азар.
Тој е свесен дека го немаше во тимот на Зинедин Зидан кога на Реал Мадрид му беше многу потребен
„Имав многу несреќна сезона. Отсекогаш сум бил силен играч кога имав континуитет. Сега сум блиску до моето најдобро ниво и се надевам дека повеќе нема да се повредувам. Имам уште многу убави години пред мене , сè уште не е готово. Зидан? Јас сум тажен поради неговото заминување. Му должам затоа што не понудив многу за него. Тој знае дека го сакам“, изјави Белгиецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal