
Аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез најверојатно ќе го напушти Интрер до крајот на летниот преоден рок. Тој го промени агентот и размислува за заминување од „Џузепе Меаца“.
Аргентинскиот напаѓач има договор со „нероаѕурите“ до јуни 2023 година. Играчот има високи барања за неговиот нов договор, а Интер не може тоа да си го дозволи. Италијанскиот шампион е подготвен да го продаде доколку добие понуда од 80 милиони евра.
Арсенал има интерес за Мартинез, но се чини дека во моментов нема финансиска можност за сериозна понуда. Покрај тоа, самиот играч нема голема желба да оди таму. Во трката повторно се вклучува Атлетико Мадрид.
Тренерот Диего Симеоне сака во Лаутаро Мартинез да ги вложи парите од продажбата на Саул Нигез. Сепак, тоа би била само половина од сумата која е потребна за ангажман на Лаутаро Мартинез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
