Од Шпанија доаѓа вест дека Атлетико Мадрид одлучил да ја прекине соработката со холандскиот интернационалец, Мемфис Депај. Напаѓачот кој беше доведен од Барселона во јануари 2023 година, не успеа да стане стандарден член на првите единаесетмина кај Диего Симеоне.
Оваа сезона забележа 31 настап во сите натпреварувања и постигна девет гола со две асистенции.
Иако беше важен за „јорганџиите“, неговиот договор со Атлетико Мадрид нема да биде продолжен.
Мемфис Депај летово ќе биде слободен играч и ќе може да избере каде ќе ја продолжи кариерата. Досега, пред Атлетико Мадрид, настапуваше за ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион и за Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













