Connect with us

Атлетико Мадрид го продолжи договорот со капитенот Коке

Атлетико Мадрид и капитенот Коке ја продолжија долгогодишната соработка, потпишувајќи нов договор што ќе важи до крајот на сезоната 2026 година.

Коке е производ на младинската школа на Атлетико Мадрид и целата своја професионална кариера ја има поминато во клубот.


Тој дебитираше за сениорскиот тим во 2009 година и од тогаш има одиграно 681 натпревар, со што е апсолутен рекордер по број на настапи во историјата на клубот.


Ветеранот реши да продолжи за уште една сезона, а потоа повторно ќе разговара со раководството околу својата иднина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови